ФИБА и Евролигата се договорија

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Долгогодишниот конфликт и проблемите во поклопувањето на клупските и репрезентативните термини ќе станат минато по договорот што го постигнаа челниците на ФИБА и Евролига.

Досега, кошаркарите кои играа во Евролигата немаа можност да настапуваат за своите репрезентации, но се чини дека тој проблем конечно ќе биде решен, на задоволство на љубителите на кошарката. ФИБА и Евролига се договорија да направат мала промена во термините, па националните тимови, конечно ќе бидат комплетни во квалификациите за светските и европските првенства,

„Постигнат е договор за непоклопување на натпреварувањата на репрезентативно и клупско ниво во сезоната 2023/24. Исто така, потврдивме дека во следните 12 месеци ќе продолжиме со преговорите за да постигнеме заеднички прифатливи идеи за доброто на кошарката во Европа и светот“, пишува во заедничкото соопштение.

ФИБА се откажа од ноемврискиот прозорец од квалификациите за следното европско првенство, така што во текот на сезоната остана само февруарскиот термин. Евролига ќе направи мала отстапка со тоа што ќе има една двојна недела повеќе, па селекторите ќе можат да сметаат на своите најдобри играчи.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...