ФИА најави милионски казни за возачите во Ф1

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Најдобрите возачи во Формула 1-шампионатот се шокирани од одлуката на Меѓународната автомобилска федерација дека казните што би ги добиле во случај на прекршување на правилата може да бидат и до еден милион евра.
ФИА објави дека четирикратно ќе ги зголеми казните, кои стјуардите можат да ги изречат на возачите и тимовите за време на трките.
„Немам поим што заслужува казна од милион евра“, изјави возачот на Ферари, Шарл Леклер за Би-Би-Си.
Тој рече дека тоа се „огромни пари“.
„Некои возачи заработуваат помалку од оваа сума за цела сезона“, додаде Леклер.
Возачот на Хаас, Кевин Магнусен, рече дека бројката „звучи смешно“, а Даниел Рикиардо од Алфа Таури рече дека е „страшна“. Новата казна има за цел да ги одврати тимовите и возачите од најопасните прекршувања на правилата, а ФИА соопшти дека сите казни ќе се користат за финансирање на програмите за развој на мотоспортот. Не беше објаснето каков вид на возачки или тимски прекршок може да доведе до парична казна од еден милион евра.
„Мораме да размислиме за пораката што им се испраќа на оние што гледаат. Ако треба да казнат милион евра, да се погрижиме тие пари да одат во хуманитарни цели. Има многу пари во оваа индустрија и има многу што треба да направиме во однос на подобра пристапност и различност. Само така можат да добијат милион од мене“, изјави седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес.
Неодамна беше казнет со 50.000 евра, сума што потоа беше преполовена, поради пешачење на патеката за време на ГН на Катар. Актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул ја спомена казната што ја доби поради допирање на задното крило на болидот на Хамилтон на трката во Бразил во 2021 година.
„Ако тоа беше казна за 50.000 евра, навистина би сакал да знам што е милион“, изјави холандскиот возач.
Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо од Астон Мартин изјави дека паричната казна од милион евра би била несоодветна. Шампионатот во Формула 1 продолжува со трката за ГН на САД в недела од 21 часот на патеката во Остин.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...