Фејсбук револуција против „госпоѓата” мајка која избрка дете со дијабет од летниковец во парк

Date:

Гласни реакции на социјалните мрежи по вчерашното видео кое излезе во етерот, а на кое е доловена ситуација како мајка брка телевизиска екипа која снима приказна за девојче со дијабет и за борбата на нејзините родители.

Причината е што токму на тој летниковец во парк во Ново Лисиче жената ќе славела роденден на своето дете.

– 4-годишната Бисера, дете со дијабет, требаше да се тргне од летниковецот и да стои на сонце со татко ѝ, бидејќи некоја „госпоѓетина“ еднаш во годината славела роденден за нејзното дете, се коментира на социјалните мрежи.

Прилогот го снимаше новинарката Анастасија Деа Богдановска која по неубавиот настан се огласи на својот фејсбук профил.

– Емоции од една до друга крајност. Благодарам до цела екипа што остана професионална, иако се препотивме, ама не само од пекол жешкото. Зоки зад камера, Борче зад компјутер со монтажа. А најмногу благодарам за семејството Младеновски, што ми дозволија да ја пренесам нивната приказна и приказната на преслатката Бисера.

Се надевам нешто ќе се смени на подобро во врска со ситуацијата со недостатокот од игли, инсулин, сензори… а „госпоѓата” е само слика во какво општество живееме, какви се нелуѓе има меѓу нас. Еден роденден во годината е според неа побитен од животот на дијабетичарите и со какви проблеми се соочуваме, вели мајката на малата хероина Бисера.

По видеото на кое е цензурирана жената која ја избрка екипата, на социјалните мрежи бурни реакции за нејзиниот гест:

– Страшно и многу жално… Згрозена сум од тоа со какви се луѓе – нелуѓе го делиме воздухот. Пропусти…пропусти… Не е до децата, до возрасните е! Што да очекуваме, што ќе научи детето на оваа мајка. Ако може да се нарече и мајка, затоа што секоја нормална жена реализирана како мајка е полна со љубов за своето и за секое друго дете и за секое битие! Човек кој има љубов во себе нема да пројави вакво однесување во ниту една ситуација! Господ да им даде сила на семејството Младеновски и на остантите семејства кои се соочуваат со вакви предизвици, се вели во една реакција.

– Се згрозив од односот на жената. Срам и арам да и е! Да не ти се верува, жално многу жално! Нека е среќен роденденот, за Бисера што да кажам, солзи ми потекоа, знам што значи да имаш дијабетичар во куќа, нека е жива и здрава! Да сме нормална држава се би било во ред.

– Таков простотилок, дрскост, себичност и лошотилок на, „г-ѓа” мајка што слави роденден за своето дете, има и ќе ги има за жал. Со вакви однесувања на возрасните, се воспитуваат-не воспитуваат децата, Тоа се длабоко несреќни и искомплексирани личности.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...