Актуелниот двократен светски првак во класата Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул дојде до својата 41-ва победа во кариерата на неделната трка за Големата награда на Канада возена во Монтраал.

Со тоа Ферстапен се израмни според бројот на победите со легендарниот Бразилец Аиртон Сена, а на својата екипа ѝ ја донесе 100-та победа во конкуренцијата на конструкторите.

Холанѓанецот не беше загрозен во ниту еден момент од трката, а победи пред Шпанецот Фернандо Алонсо од тимот на Астон Мартин, и седумкратниот светски шампион Британиецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес.

Ферстапен победи четврти последователен пат оваа сезона и шести пат во осумте досегашни трки. Простанатите две победи ги оствари неговиот клупски колега Мексиканецот Серхио Перес кој во Монтреал беше шестопласиран.

По осум трки Ферстапен е во водство со 195 бодови, 69 повеќе од Перез и 78 повеќе од Алонсо.