Макс Ферстапен запиша уште една победа во Формула 1 покажувајќи дека во моментов е убедливо најдобар, Холанѓанецот го освои првото место во Лас Вегас.
Ферстапен заработи казна од пет секунди уште на почетокот од трката, но подоцна имаше две активирања на безбедносното возило, тоа плус перформансите на неговиот болид беше доволно да се врати на првата позиција и да дојде до победата.
Серхио Перез имаше најголем напредок, дојде и до втората позиција, но Шарл Леклер успеа да си ја врати позицијата и да се искачи на второто место на подиумот оставајќи го Перез на третото место.
Бодови во Лас Вегас освоија уште Окон, Строл, Саинц, Хамилтон, Расел, Алонсо и Пјастри.