Феномен на социјалните мрежи го освојува светот, знаете ли што е синдром на среќна девојка

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Во последниве години, под влијание на разни мотивациони говорници сè повеќе луѓе се заинтересирани да го подобрат својот живот со помош на позитивни афирмации. Овој тренд е особено популарен на социјалните мрежи меѓу младите.

Така настанал и терминот „синдром на среќна девојка“, кој сугерира дека афирмациите и позитивниот начин на размислување можат секојдневните случувања да ги свртат во наша корист, пишува Вашингтон пост.

Сепак, како што истакнуваат критичарите на ваквиот начин на размислување, овој тренд може да оди во крајност, па човек да почне да се обвинува себеси доколку во животот не му оди како што сака, иако посветено ги практикува позитивното размислување и афирмации.

„Синдром на среќна девојка“ е тренд на Тикток што го започнала Лаура Галебе (22) минатата година во декември.

– Буквално не можам подобро да го објаснам ова од тоа дека се чини оти шансите целосно се во моја корист. Постојано велам дека секогаш неочекувано ми се случуваат големи работи – изјавила Лаура.

Најдобар доказ за тоа колку е голем интересот меѓу младите за ова говори фактот што нејзиното видео во кое таа го објаснува синдромот на среќна девојка на Тикток е прегледано од 420 милиони корисници.

Сепак, сите не се согласуваат со нејзините ставови. Корисниците на оваа мрежа истакнале дека „синдромот на среќна девојка“ ја одржува токсичната духовност на новото време честопати оставајќи ги жените со идејата дека тие се виновни кога нешто не им оди добро во животот.

Иако многумина го критикуваат овој тренд, психолозите тврдат дека позитивното размислување има свои предности и реални придобивки.

Психологот д-р Саманта Велд Бландел објаснува дека треба да сме свесни оти постои некаква логика во ова, но не треба да очекуваме афирмациите да ги решат нашите проблеми како магично стапче.

– Слушнав за овој тренд од моите пациенти. Еден пациент ми кажа дека токму тоа се обидуваме да го постигнеме на нашите сесии, но спакувано поинаку. Трендот е во основа многу позитивно размислување. Во борбата против стресот или анксиозноста, се обидуваме да размислуваме попозитивно, а тоа го менува начинот на кој се чувствуваме. Со промена на размислувањето, се менува нашето расположение, емоциите и тоа го менува и нашето однесување – објаснила таа за една американска веб-страница.

Според Лаура, Законот на привлекувањето е моќен и реален, па таа секогаш е оптимистична и очекува добри нешта.

Пооптимистичкиот поглед на светот, како што се верува, го зајакнува имунитетот и позитивно влијае на многу аспекти од секојдневниот живот, и долгорочно и краткотрочно.

Според коментарите на нејзините придружници, дури и оние поскептичните, моќта на мислите е многу посилна отколку што можеме да замислиме.

Православниот свештеник отецот Тадеј пред многу децении говорел: „Какви ти се мислите, таков ти е животот“, а неговите мудрости се запишани во истоимената книга.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...