Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77 во дерби натпреварот од 23. коло во Евролигата.
Во дуелот на двете најдобри екипи во досегашниот дел во сезоната, избраниците на Јасикевичиус покажаа дека ја имаат формулата за успех против тимот од Пиреја затоа што славеа и во првиот дуел во Истанбул.
Фенер ги доби втората и третата четвртина со идентичен резултат од 26:19 што се покажа како пресудно за славјето во Грција. Гудуриќ со 21 поен, 3 скока и 4 асистенции беше лидер, Фурние и Везенков на другата страна искомбинираа 40 кошеви.
Асвел пак ја прекина победничката серија на Барселона со славје пред своите гледачи од 100:94. Во последните 90 секунди се влезе со израмнет резултат 93:93, но до крајот подобро се снајдоа домаќините кои со серијата од 7-1 обезбедија 11 триум во кампањата.
На Маледон му фалеше една асистенција да дојде до дабл-дабл учинок (18 поени, 9 асистенции), Роберсон имаше одлична улога со 17 поени и 6 асистенции. Пантер со 19 и Паркер со 18 поени беше најдобр поединци кај шпанскиот претставник.