Фамилијата Груби купува дуќани џабе, наплаќа туристички услуги од државни институции и што уште не, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ветон Груби купува, а функционерот, братот Артан Груби, плаќа или поточно плаќа од пари на граѓаните. Тоа се гледа по купувањето на дуќанот на улицата Македонија од страна на Ветон Груби и наплаќањето за туристички услуги од државните институции со кои раководи Артан Груби.

Која е шемата со туристичките услуги? Ветон Груби како сопственик на „ЕТЦ травел“ наплатил туристички услуги во вредност од еден милион денари од државни институции, и тоа дури 8 пати. Потоа Владата, во која втор човек токму Артан Груби, префрла пари на „ЕТЦ травел“ на Ветон Груби три месеци по ред во 2020 година или, пак, во два наврата, во временска дистанца од 5 дена во 2021 година. Целта е очигледна – секоја година по неколку трансакции да има кон „ЕТЦ травел“ на Ветон Груби, се истакнува во нивното соопштение.

Со ова, како што напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се крши Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите или има јасен судир на интереси. Но, оваа Влада, според ВМРО-ДПМНЕ, не се бори со корупцијата, туку ја создава.

Бараат антикорупциската комисија веднаш да постапи по наведените јасни сомнежи наместо да молчи!

„Едно е јасно, додека надлежните институции молчат, СДС и ДУИ од државните институции прават филијали на нивните фирми! Или државните институции се користат за да се создадат поволни бизнис-услови за фирмите на луѓето од власта!

Надлежните за овие постапки еден ден ќе одговараат бидејќи, наместо да работат за граѓаните, работат само за лични интереси!“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.