80 тони линдан е испратен на уништување во Франција од фабриката ОХИС, додека 210 тони контаминирана земја ќе биде испратена во Германија во наредните денови.
Во моментот во дворот на некогашната фабрика ОХИС се уште се чисти малата депонија, додека за големата депонија се уште нема обезбедено пари.
„Деталното истражување што беше направено во 2018та година покажа дека има околу 40 илјади тони на ХЦХ отпад и 10 илјади тони на земја контаминирана со ХЦХ. Проценките за чинењето на оваа ремедијација се околу 80 до 100 милиони долари, така да средства за тоа се нема обезбедено. Така да прво да ја завршиме малата депонија, да се покаже успешноста на ремедијацијата за малата депонија па ќе се бараат финансиски средства од донатори и за големата депонија, “изјави, Александар Мицковски, советник при МЗШПП.
Но кога и да се помине покрај депониите во населбата Усје непријатниот мирис се чувствува. За да се намали ризикот од незаштитената депонија Мицковски предложи да се покрие привемрено големата депонија со непропустливи материјали.
„Да се елеминира ризикот по околината од емисиите на овие загадувачки супстанци од големата депонија, со нејзино евентуално покривање. Со кепинг се прави посебно покривање, со глина, со непропустливи материјали , со геотекстил, геомембрани. Колку да се елеминира ризикот па после кога ке се обезбедат парите да се продолжи,“ изјави, Александар Мицковски, советник при МЗШПП.
Малата депонија треба да се исчисти до првата половина од 2025 година и од неа досега се извадени и уништени 957 тони на лидан и 127 тони на контанимирана земја. Според медицината линаданот предизвикува заболување со рак кај луѓето, тој преку остатоци внатре во почвата стигнува и до местата каде има садници со зеленчук и овошје.
Уште 80 тони линдан од ОХИС испратени на уништување во Франција
Date: