Откако Шајло Џоли-Пит и Захара Џоли-Пит го отфрлија презимето на нивниот татко Бред Пит, сега се чини дека и нивната сестра Вивиен го направила истото.

Како што пишуваат американските медиуми, и Вивиен Џоли-Пит престана да го користи презимето Пит и го задржа само презимето на нејзината мајка Анџелина Џоли.

Вивиен работи како асистент продуцент на мјузиклот „Аутсајдерите“ („The Outsiders“), а на листата на луѓе кои работат на проектот било забележано дека 15-годишната девојка го задржала само презимето на нејзината мајка. Засега не е јасно дали тоа го направила легално.

Откажувањето на презимето доаѓа по години на заладени односи меѓу Пит и неговите деца поради неговиот развод со Џоли.

Пит со години нема никаков контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја одбрани својата мајка. Поранешните сопружници сè уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што тројцата најстари деца, Медокс, Пакс и Захара, веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокс (15).