Уште една жена го обвини Стивен Тајлер, пејачот на „Аеросмит“ за сексуална злоупотреба

Date:

Уште една жена поднела тужба за сексуален напад против Стивен Тајлер, тврдејќи дека фронтменот на „Аеросмит“ ја злоставувал двапати во еден ден кога таа била тинејџерка во 1975 година.

 Жан Белино поднела тужба против Тајлер (75) пред Окружниот суд во Њујорк, тврдејќи дека претрпела „физичка, психолошка и емоционална штета“ откако музичарот ја допирал, бакнувал и симулирал сексуален однос без нејзина согласност, пишува „Гардијан“.

„Жан сега има 66 години и толку многу години страдаше во тишина, и сега собра храброст да ја раскаже својата приказна“, изјави нејзиниот адвокат Џеф Андерсон, додавајќи: „Колку и да е ужасна нејзината приказна, нејзината порака е моќна и сакаше сите жени од Латинска Америка да знаат дека можат да застанат и да зборуваат“.

Портпаролот и адвокатот на Тајлер одбиле да коментираат.

Белино во тужбата навела дека потпишала договор со агенција за детски модели и дека на денот кога го запознала Стивен Тајлер, отпатувала од нејзиниот дом во Квинс до Менхетен на модна ревија. Еден пријател тогаш наводно договорил тие да се сретнат со групата „Аеросмит“ на забава во хотелот Ворвик.

На крајот, Белино, која во тоа време имала околу 17 години и нејзината пријателка се сретнале со Тајлер, кој тогаш имал околу 27 години и шетале по Шестата авенија.

„Додека шетаа, Белино го коментираше текстот на песната, Тајлер видно се вознемири од нејзиното прашање и одеднаш ја фати за рака и ја однесе до телефонска говорница“, се вели во тужбата, наведувајќи дека „тој ѝ го турнал јазикот во устата и ја држел ‘заробена’, дека ѝ ги ставил рацете по телото, градите, задникот, гениталиите, ѝ ја соблекол облеката, ја закачил на ѕидот од говорницата“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...