Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје влезе во лоша серија на резултати на која кулминација и беше вчерашниот пораз од Струмица во Суперлигата, пораз по кој стигна реакција од управата на клубот која се раздели со тренерот Васко Атанасов.
Атанасов од 2023 година ја водеше екипата со која ја продолжи доминацијата на домашната сцена, но не успеа да направи значаен резултат во регионалното натпреварување или годинава во ФИБА Еврокупот, па на крајот беше решено да се заврши соработката со него.
И додека се чека неговиот наследник клубот од скопски Аеродром договори проверно име од домашната сцена, македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ. Ова за Мекиќ ќе биде трет мандат во сино-белиот табор (по периодите 2014-2017 и 2020-2023). Тој ја започна сезонава во МКК Куманово од каде договор во „штроковите“.
Во кариерата играше за уште неколку тимови од Македонија, а настапуваше и во Косово, Хрватска и Романија.





