„Народ кој сакал сам судбина да крои, да чита и пишува на јазикот свој“
Нивното дело вечно ќе го славиме, порачаа македонските дечиња од дијаспората преку стихови од поезија во чест на македонските и сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј.
Здружението на наставници по Македонски јазик во светот под мотото „Вашата мисија е сонце кое не огрева сите, мисијата ваша – наш залог за иднината“ подготвни видео од најубавите стихови посветени на просветителите од учениците кои го учат својот мајчин јазик ширум светот.
Писмото е обединувачко, а нашите Св. Кирил и Методиј ги слави целиот свет како важни за целата цивилизација, велат од здружението, кои посочуваат дека за нив се напишани илјадници книги и тие се најсветли обрасци на македонската историја и идентитет.
-И ние денес ја продолжуваме нивната мисија, нивната борба за зачувување на нашиот македонски јазик. Јазикот е наиот најпрепознатлив белег, преку кој се идентификуваме како посебен народ во светот. И нашите ученици кои земаат учество во овој проект се како сончеви зраци кои отвораат светла патека со порака да се сака, негува и чува мајчиниот македонски јазик. Јазикот треба да е нишка на меѓусебно поврзување, почит кон она што го оставиле нашите предци – порачуваат од здружението.
Денот на сесловенските просветители се одбележа на многу места во светот, а централното одбележување беше во Рим.