УРЛИХ ВИЛКЕН: СОВРЕМЕНИ ПРОУЧУВАЊА ЗА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР- ДЕЛ II (4)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – I ДЕЛ

Британските и германските универзитети, каде што постоеше силен дух за класичното учење, успеаја да го средат големиот број вредни податоци и да им обезбедат на истражувачите подетално запознавање со антиката зазеле став, дека техничката методологија употребена во изучувањето на историјата докажа дека сите подоцнежни биографи на Александар четиристрано се потпираат врз Драјзен.

Што се однесува до Александар на Вилкен, Валсер оди малку подалеку отколку новото издание на Драјзен. Валсеровата статија обезбедува добро подредени податоци за историските студии за важните аспекти на кариерата на Александар.

Уште повеќе, следејќи го современиот „татко на античката елинска-грчка историја”, Џорџ Грот, се појавија голем број разбирливи истории за античка Елада-Грција. Бидејќи Александар е важен дел од античката елинска-грчка историја, тој му дава истакнато место. Имињата на историчарите Белох, Бусолт, Мајер и Берве се исто така значајни.

Bo 1926 година, Хелмут Берве ја објави книгата „Александриски просопографски основи” на германски јазик. Германската традиција за педантно класифицирање е присутна и во ова време и во ова вредно дело во кое сите податоци за имињата од античките извори за Александар се собрани и средени во енциклопедиска форма.

Така, за да се добие информација за Хефестион, другарот на Александар, на пример, потребно е само да се побара името Хефестион во Берве и ќе се најде се‘, вклучувајќи ги и цитатите од сите извори на информации, како и критички коментар за карактерот на податокот.

Пела

Потоа во 1927 година се појави првиот том од серијата „Фрагменти од грчката историја” (изд. Ф. Јакоби), која содржи нови средени текстови и коментари на стотици фрагменти од непознати историчари од времето на Александар. Како резултат на оваа голема активност, сега постои на располагање добро среден документарен материјал кој служи за нови проучувања на Александар.

Биографијата на Александар имаше нов тек во дваесеттиот век со појавата на шесте тома на книгата „Античка историја” печатена во Кембриџ, во која В. Тарн дава голем број податоци за младиот македонски монарх.

Тарн, кој остана најголем елинистички исто-ричар на овој век, напиша неколку кратки студии за Александар, во кои ги развива идеите определени да го направат неговиот Александар човек за кој најмногу се зборува, најславен човек во современиот век.

Тарн ја зема основната концепција на Драјзен за Александар како двигател на светот и на тоа му додава димензија на една нова социјална филозофија. Аристотел смета дека само античките Елини-Грци можат да владеат, а странците да бидат потчинети.

Но, кога Александар се закани да ги обедини срцата и да направи сојуз меѓу античките Македонци и Персијците, тој првпат го прокламираше братството на народите, братството меѓу луѓето…

Александар ја прифати визијата на Зено за свет во кој сите луѓе треба да бидат членови здружени еден со друг, граѓани на една држава без разлика на раса и државно уредување да се покорат и во слога со основниот закон што постои во светот, да бидат обединети во еден социјален живот, не со принуда, туку по сопствена волја или (како што тој прокламираше) со љубов.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...