УНЕСКО ќе ги збрише надградбите и доградбите во Охрид!

Date:

Можностите за изградба на нови објекти, надградби и доградби во Старото градско јадро на Охрид ќе се дефинира (ограничи), а во строго прецизирани рокови, секоја општина во рамките на своите надлежности ќе треба да започне со отстранување на бесправно изградените објекти за коишто се издадени правосилни решенија и се обезбедни финансиски средства за отстранување… Ова се само мал дел од задолженијата кои надлежните институции во државата ги добија од Владата на 187 –та седница, а се во согласност со препораките на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион.

Владините заклучоците се донесени по посочувањето Министерството за култура, на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО, потенцирани од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО.

Охридскиот Регион, и покрај бројни укажувања од мониторинг-мисии за  урбанистичко дивеење во изминатиов период, останува на листата на УНЕСКО, а  одлуката е донесена на 45. сесија на Комитетот за светско наследство, која неодамна се одржа во Ријад, Кралство Саудиска Арабија.

“Останува престижниот статус, но остануваат и препораките за негово зачувување. Препораките не се лесни и нивното реализирање бара наше целосно внимание. За да постигнеме успех во тоа, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските – и централната власт, и локалната самоуправа, и установите, и граѓаните. Впрочем, обврските се точно адресирани. Многу работи од препораките ги имаме почнато, но останува нивната целосна реализација. Треба постојано да го имаме предвид фактот дека нашето непостапување по препораките ќе биде причина за впишување на Охридскиот Регион на листата на светско наследство во опасност“, посочи тогаш Костадиновска-Стојчевска.

Инаку, меѓу владините заклучоци е Министерство за животна средина и просторно планирање да донесе Одлука со која што ќе ја задолжи ЈНУ – Хидробиолошки завод – Охрид да изработи приоритетна листа на клучни живеалишта од национално и европско значење и листа на статус на видови според IUCN класификација на загрозени приоритени видови на риби, безрбетници и алги во Охридско Езеро. Има и повеќе укажувања до Управата за заштита на културното наследство, меѓу коишто, во посочени рокови, да достави насоки до надлежната установа – НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, со што ќе ги дефинира (ограничи) можностите за изградба на нови објекти, надградби и доградби во Старото градско јадро на Охрид, имајќи предвид дека членот 59-ѕ од Законот за градење не е правен основ за доградби, надградби и реконструкции во старото градско јадро на Охрид.

Се задолжува Министерството за транспорт и врски, а се укажува на Општините Охрид, Струга и Дебрца, во прецзирани рокови, секој во рамките на своите надлежности да започнат со отстранување на бесправно изградените објекти за коишто се издадени правосилни решенија и за коишто се обезбедени финансики средства за остранување. Исто така и сите урбанистичко- плански документации да ги доставуваат до Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на мислење уште во фаза на предлог-опфат, односно пред да бидат усвоени од општинската Комисија за урбанизам и инкорпорирани во годишната програма.

Министерттвото за транспорт и врски, во соработка со Капетанијата на пристаништата – Охрид, пак, треба да формира Работна група за изработка на анализа на пловила во Охридското Езеро со пресметка и на капацитетот на носивост на пловилата.

Задолжено е и Министерството за култура, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и Управата за заштита на културното наследство да изработи Нацрт-верзија на Предлогот на законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...