Уметникот Борче Богоевски награден во Црна Гора

Date:

На 58 Херцегновски зимски ликовен салон кој деновиве се одржа во Херцег Нови, Црна Гора во галеријата „Јосип Бепо Бенковиќ“, меѓу наградените е и македонскиот ликовен уметник Борче Богоевски за делото „Белиот облак“.
Селекторка на годинешното издание на зимскиот салон е историчарката на уметност Петрица Дулетиќ, а „Пејзажно искуство“ е темата на која твореле 44 ликовни уметници од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија.
-Пејзажот не е само простор што го посматраме, тој е и простор кој го чувствуваме, обликуваме и толкуваме. Уметниците користат различни стратегии за да ја коментираат и анализираат реалноста-од експлицитни критики до суптилни метафори. На овој Салон го отвораме прашањето „Какво е денес искуството на пејзажот?“…Мојата цел беше да ги претставам одговорите на уметниците низ интердисциплинарни пристапи, преку кои тие ги рефлектираат и ги преиспитуваат современите општествени околности – рече Дулетиќ.
Во однос на технологиите, во делата на избраните уметници застапени се сликарство, цртеж, комбинирани техники, скулптура, објект, инсталација, графика, уметничка фотографија и видео.
Меѓу селектираните уметници, претставник на Македонија беше ликовниот уметник Борче Богоевски, чие дело насловено „Белиот облак“ е дел од оваа поставка. Тричлената стручна комисија на Салонот, одлучила, делото на Богоевски да биде второнаградено. Станува збор за дело изработено со масло на платно, но користена е т.н. техника ербраш (airbrush) која е застапена во актуелниот опус на уметникот Богоевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Млечна плетенка која исчезнува штом ја ставите на маса

Ова е рецепт за неодолива, вкусна млечна плетенка која...

Американска тиктокерка мора да ѝ плати 1,75 милиони долари на жената чиј сопруг ја изневерил со неа

Бренеј Кенард, популарна тиктокерка од Северна Каролина, мора да...

Сè поретко ја гледаме Бјанка Ценсори, но затоа е тука нејзината сестра

Ангелина Ценсори, сестрата на Бјанка Ценсори, повторно го привлече вниманието...

Елизабет Харли ужива покрај базен

Елизабет Харли продолжува да ги воодушевува своите следбеници со фотографии...