ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – I ДЕЛ
Денес, ние Македонците, правдолјубивите научници и реалниот свет сме сведоци на тоа дека одреден број земји, „потковани„ со ненаучни факти и невистини, а поддржани од некои глобални политики на одредени големи сили, за жал и голем страм сакаат да ни го одземат нашето минато, сегашност и иднина и да ја изменат античката македонска библиска и денешна историја, култура, религија, јазик и македонската вистина.
Често се поставуват прашањата: Од каде потекнува Александар Трети Македонски? Кој е Александар Велики? Какво е неговото потекло, образование, воспитание? На која нација му припаѓал? Кои беа неговите знаења, умеења, намери, погледи, постигнувања?
Каков бил неговиот одност кон културите надвор од античката Македонска империја кон античките Елини-Грци и кон нивните градовите-држави (полисите), кон империите, кон глобалниот свет воопшто? Како тој станал најголем освојувач во целокупната историја на човештвото?
Многу прашања, многу одговори од илјадници научници, намерници и вљубеници на ликот и делото на Големиот Александар Трети Македонски, кој оставил вечни траги и за кој се напишани милиони страници од папируси до современи средства за информирање.
Затоа, со цел читателите на Веб порталот „Македонска нација“ да ги запознаеме со дел од вистината за Александар и неговата античка Македонска империја, за политичките, културните, интелектуалните и економските прилики, неприлики и тенденции на античките Елини-Грци и тогашниот свет во четвртиот век пред Христа.
Да ги запознаеме како Александар Трети Македонски отвори една нова страница во историјата на светот и со своето животно дело го определи развитокот во многу наредни векови.
Во поголем број продолженија ќе се обидеме да го претставиме историскиот роман „Александа Велики“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“ од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на делото „Александат Македонски“ беше прво дело за античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Тој ги отвори широко портите ние денешните Македонците да се запознаеме со нашето минато, а таа дејност да ја продолжат бројни интелектуалци, зошто во овој долг и богат со настани временски период, само два народа се нарекле Македонци: античките Македонци и сегашните Македонци кои денес живеат на просторот на етничка Македонија и на сите континенти во светот.
Често за преведувачот на вака голем, значаен и одговорен превод, на латински се вели – „traduttore, traditore„ („преведувачот е издаица“), сепак авторот на овие редови се потруди да биде реален и преводот од англиски на македонски на романот да го приспособи за читателите на македонски јазик, со цел преводот да биде најсоответен на оригиналот на преводот од германски на англиски јазик.
Уште на почетокот авторот Урлих Вилкен во романот „Александар Македонски“, пишува дека откако се беше појавило од донекаде заостанатата античка македонска нација за да присвои за себе поголем дел од античка Елада-Грција и Азија, Александар Македонски сигурно загосподарил со човековата имагинација.
Природата на оваа појава е комплексен феномен. Доволно е да се рече дека има многумина со името Александар, веројатно толку многу колку што ги има и оние што покажуваат голем интерес за него. Сложената природа на Александар бара јасно испитување на дилемата во која современнот научник често се наоѓа самиот себеси.
Се доаѓа до сознанието дека навистина се работи за тројца Александровци, или подобро речено, Александар на три понекогаш јасни, понекогаш нејасни посебни нивоа. Првиот од нив е митолошко-романтичниот Александар. Тој е Александар кој се појавува во литературата на осумдесет нации од британските острови до Малајскиот Полуостров.
Тој е херој во многу религиозни и световни дела во европскиот средновековен романтичарски период, квази-посветен човек во талмудската литература, Бог во Коптската црква на Египет, а и нов Ахил во грчката традиција
Неговото персиско име Искандар, се уште предизвикува необични реакции кај некои народи кои се населени во пустите предели што се протегаат од Каспиското Mope до горните притоки на реката Инд.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН