ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – I ДЕЛ
Горчивите спомени за Александар како освојувач се‘ уште се многу силни во народниот фолклор, Така, еден патник од Запад, со цел да го проследи патот на Александар преку Азија бил изложен на пцости на некои авганистански селани, само поради тоа што прашал дали Александар поминал оттаму.
Според многу легенди, тој е крал, херој, бог, освојувач, филозоф, научник, пророк, државник и визионер, чиишто идеали за универзалното братство се сметаат како основа на стоицизмот, кој датира три века пред христијанството. Тој, исто така, е пијаница, убиец на родителите, арамија и колач.
Обвинуван е од развратниците дека не ги почитува чувствата на сите возрасти. Накусо, тој е џин во литературата и во народната традиција и неговото име и подвизи, измислени или вистинити, веројатно се нашироко познати повеќе од кои да било до денешно време.
Вториот Александар е историскиот Александар. Познато е дека со својот татко Филип Втори Македонски, потчинил и скарал многу грчки градови на кои во тоа време беше им поминал златниот период. Следејќи го Филипа, преминал од Европа во Азија, а на бојното поле го уништил древното, но колебливо величество на Персиската империја.
Бидејќи ја исполнил својата улога како водач на света војна против традиционалниот непријател, Александар ја довел војската дури до реката Инд, крајот на тогашниот познат свет, a ce вратил за да умре во Вавилон, во својата триесет и трета година од животот. За овој неверојатен поход се познати оскудни податоци со несредена хронологија.
Сигурно е дека тој го променил делот на светот низ кој поминал, поставувајќи ги темелите за евентуално воведување на елинската (грчката) цивилизација во огромниот дел на Западна Азија. Процесот на елинизација делумно довел до развој на институции кои, покрај другото, овозможиле ширење на римската хармонија и на христијанската религија.
Неговата оставнина го опфаќа важниот и фасцинантен град во Египет, кој се уште го носи неговото име, како и други дваесетина Алексадрии, расфрлени во централна Азија. Потомците на неговите војници влијаеле можеби врз антропоморфната форма што, евентуално, ја прифатил Буда.
И во некои оддалечени долини на Каракорум и денес живеат луѓе кои, веројатно се Ариевци, зборуваат индо-ариевски јазик и водат потекло од војската на Александар. Историски, тој е рангиран меѓу најважните луге кои некогаш живееле врз основа на неговото духовно и телесно совршенство и врз промените што ги направил во историјата на тој дел од светот.
Третиот Александар е Александар човекот. Она што овозможува да се сфатат вистинските тешкотии на човекот е постојаниот конфликт меѓу митолошките и историските фигури. Александар стана легенда на своето време, која се прошири во античкиот свет и го направи загатка, влијаејќи како и секое делче од сериозните или од лекомислените текстови за него.
Така, секој што сака да го изучува Александар се соочува со митолошките и со историските ликови. Она што ќе го протолкува од тоа, за него тоа е вистинскиот Александар, интерпретација што станува лична.
Проблемите со кои се соочува биографот на Александар, иако не се ретки, сепак се темелат врз многу скудни податоци. Биографот на Винстон Черчил или на Франклин Рузвелт се среќава со премногу материјали што овозможуваат вистинско и сестрано проучување што ќе му дозволи на некој начин да ги редуцира многуте податоци.
Интерпретацијата чии резултати ќе зависат не само од тоа како авторот ги чита податоиите, како ги селектира, туку исто така и од условите за самото почетно селектирање, од стандардите на вештината и приоритетот на податоците.
Кога се работи за древни настани, меѓутоа, тогаш не е возможен таков произволен избор на податоци. Времето и текот на настаните си го сториле своето и неколкуте податоци што останале, мора да се прочитаат во целост.
Почетните неусогласени портрети на Александар што произлегуваат од современите историчари можат да им бидат припи-шани повеќе на психолошките лични склоности на научниците отколку на состојбата на доказите.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН