Украинa: Oткриени 25 логори за мачење во ослободениот Харков

Date:

Локалните власти вчера соопштија дека откриле 25 кампови за мачење во областа околу источниот украински град Харков од неговото ослободување од руската окупација, јави ДПА.

Во логорите, руските трупи апселе и мачеле цивили под нехумани услови, меѓу другото, изјави началникот на регионалната полиција Володимир Тимошко во објава на Фејсбук.

Некои од затворениците биле мачени со струја, а на други им биле скршени прстите, рече тој.

Областа околу Харков со месеци беше окупирана од руски војници. Тие се повлекоа на почетокот на септември по украинската контраофанзива.

Оттогаш, во ослободениот регион се откриени 920 тела на цивили, меѓу кои 25 деца, додаде Тимошко. Тие биле убиени од руски војници, рече тој.

Според истрагите на украинските власти, руските сили извршиле воени злосторства и на други окупирани територии.

По повлекувањето на руските единици од киевското предградие Буча, таму беа откриени телата на повеќе од 400 луѓе. Повеќето од нив умреле од насилна смрт. Истрагата е во тек.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

„Сакаат да ме убијат во затворот“: Осудениот пејач го моли Трамп да му ја намали казната од 30 години

Контроверзниот американски пејач Р. Кели официјално побара од претседателот Доналд...

Џенифер Лопез прошета во жешко издание на Сицилија

Џенифер Лопез (56) со полна пареа го започна летото...

Џони Деп призна дека го малтретирал Леонардо Дикаприо

Леонардо Дикаприо немал толку среќа. На снимањето бил малтретиран од...

Џенифер Гарнер откри како изгледа заедничкото родителство со Бен Афлек

Иако зад себе имаат бурен развод, холивудските ѕвезди Џенифер...