Украинци и Руси здружно ограбувале бегалци, им нашле над 1,25 милиони украдени евра

Date:

Шпанската полиција соопшти дека уапсила десет лица поради ограбување украински бегалци во регионите Валенсија и Мурсија, јавува Анадолија.

Седум од уапсените се Украинци, а тројца се Руси од исто семејство поради помагање во грабежите“, се вели во соопштението.

Полицијата навела дека цел на криминалната група биле украински бегалци кои вообичаено со себе ги носат сите свои заштеди и вредни работи.

По рациите, полицијата пронашла и запленила повеќе од 1,25 милиони евра украдени пари и вредни предмети, вклучувајќи часовници, накит, мобилни телефони, лаптопи и колекции поштенски марки.

Криминалната организација дејствувала систематски, тврдат од полицијата.

Ограбени биле седум бегалски семејства или поединци кои живеат во градовите Торевиеја и Орихуела на Коста Бланка.

Осомничените, девет мажи и една жена, се соочуваат со различни обвиненија, меѓу кои разбојништво, припадност во криминална организација и нарушување на приватноста.

Откако избувна војната во Украина минатата година, Шпанија прими близу 168.000 украински бегалци.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...