Украинец дизајнирал трактор што уништува мини, го склопил од делови на руски тенкови

Date:

Украински фармер смислил нов начин за деминирање на својата нива по руската инвазија – опремил трактор со лизгачки плочи земени од руски тенкови и управувал со него со далечински управувач. Откако руските сили беа истиснати од делови на источна Украина минатата година, мините беа оставени на многу полиња оставајќи ги земјоделците во постојана опасност додека сеат земјоделски култури за следната жетва.

Генералниот директор на сопствената земјоделска компанија, Олександр Кривцов, одлучил дека не може повеќе да ги чека преоптоварени официјални пиротехничари да му ги расчистат нивните. Наместо тоа, тој дизајнира трактор на далечински управувач, кој може да издржи експлозии. Користејќи го оклопниот дел од оштетените руски воени возила, тој ја заштитил каросеријата на тракторот. Потоа купил систем, кој му дозволувал да управува со тракторот од далечина.

„Почнавме да го правиме ова бидејќи дојде време за сеидба, а пиротехничарите се многу зафатени“, рече Кривцов.

„Налетавме на противтенковска мина. Заштитата беше разнесена, но тракторот е недопрен. Сите сме живи и здрави, а опремата е обновена и поправена“, рече тој.

Украинскиот премиер Денис Шмихал минатата недела изјави дека Русите минирале околу 30 отсто од украинската територија и дека владата е фокусирана на што побрзо деминирање на земјоделското земјиште.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ETHNIC ORGANIZATION OF THE MACEDONIANS IN USA AND CANADA BETWEEN THE TWO WORLD WARS (10)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

УНГАРИЈА ЗАПЛЕНИ УКРАИНСКИ КОМБИЊА СО 80 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ЗЛАТО, УКРАИНА ЈА ОБВИНИ ЗА КИДНАПИРАЊЕ

Унгарските даночни власти кажаа дека уапсиле седуммина Украинци и...

ЕСЧП ја прифати жалбата на Апасиев против Џафери за одбиеното барање за референдум за „францускиот предлог“

Политичката партија Левица денеска соопшти дека Европскиот суд за...