Украина, САД и Русија ќе одржат трилатерален состанок во ОАЕ, вели Зеленски

Date:

Украински, американски и руски претставници ќе одржат трилатерален состанок во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), објави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, што е знак дека мировните преговори за ставање крај на војната во Украина се интензивираат, пишува Си-ен-ен.

Најавата Зеленски ја даде за време на неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос од каде кажа дека дводневниот состанок ќе се одржи утре и в сабота.

Подоцна, во разговор со новинарите, Зеленски откри дека во украинската делегација ќе бидат шефот и заменик-шефот на неговиот претседателски кабинет, Кирил Буданов и Сергеј Кислиција, шефот на парламентарната фракција на партијата „Слуга на народот“ и преговарач Давид Аракхамија и началникот на Генералштабот Андриј Хнатов.

„Го замолив Хнатов да долета од Киев, војската мора да биде присутна“,рече Зеленски.

Според Зеленски, сега е моментот во кој доколку сите страни работат многу ќе биде завршена војната.

„Се наоѓаме во момент кога, мислам, ако сите страни работат многу, ќе ја завршиме оваа војна, но ако некој игра игри, не знам кој, но само го споделувам со вас. Ако некој игра игри, војната ќе продолжи“,рече тој.

Во меѓувреме, Гардијан пишува дека авионот во кој се наоѓаат американскиот пратеник Стив Виткоф и зетот на претседателот Џаред Кушнер слетал во Москва, каде што се очекува да одржат разговори со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина.

Зеленски денеска изјави дека документот за безбедносните гаранции од САД е подготвен, но нагласи дека територијалните прашања во војната со Русија сè уште не се решени.

Денеска американскиот претстедател Доналд Трамп по средбата со украинскиот лидер што траеше околу еден час, рече дека имале добра дискусија, но не даде дополнителни детали за суштината на разговорот. Тој оцени дека средбата била добра, дека тоа е тековен процес и дека сите сакаат војната да заврши.

Трамп по оваа средба со Зеленски беше прашан каква е неговата порака за Путин на што одговори: „Војната мора да заврши“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мбапе и Дембеле ја одведоа Франција во полуфиналето на СП

Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го...

Супер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја!

Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42...

КРЦКАВО ПРЖЕН КАШКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК

Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе...

МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА ГОЛЕМИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во...