УКРАИНА ГО ОБВИНИ МИЛОШ БИКОВИЌ ДЕКА ПОДДРЖУВА ГЕНОЦИД

Date:

Министерството за надворешни работи на Србија денеска посочи дека се неосновани тврдењата дека познатиот српски актер Милош Биковиќ поддржува геноцид и го крши меѓународното право.

Министерството со соопштение одговори на реакцијата на МНР на Украина на социјалната мрежа Икс (Твитер), по повод веста дека Биковиќ ќе глуми во новата третата сезона на глобално познатата серија „Белиот лотос“.

Во таа објава, украинското министерство ја праша телевизиската мрежа ХБО дали е во ред да работат со личност која поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право. Тие додадоа дека Биковиќ ја поддржува Русија од почетокот на инвазијата.

„Република Србија наследува долга традиција на културно творештво и ние сме многу горди на со Устав загарантираното право на слободно научно и уметничко творештво. Нагласуваме дека тврдењата на украинската страна се неосновани, бидејќи Милош Биковиќ, пред сè, е еден од најпопуларните и најталентираните српски актери од својата генерација, кој иако млад, веќе остави свој белег во српската и меѓународната кинематографија“, се наведува во соопштението на министерството.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на Денот на српската дипломатија во 2019 година, на Милош Биковиќ му врачи повелба за неговиот „исклучителен личен придонес за промоција на оваа земја и нејзиното богато културно творештво во светот“.

Биковиќ е многу активен како актер и продуцент во руската кинематографија, а од февруари 2021 година поседува и руско државјанство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...