Романскиот инфлуенсер Ендрју Тејт е ослободен од домашен притвор во Романија во очекување на судењето за силување и трговија со луѓе.
Контроверзниот инфлуенсер и неговиот брат Тристан се во домашен притвор уште од март, а беа обвинети во јуни.
Ендрју и Тристан Тејт ги негираат обвинувањата, а и двајцата отсега можат слободно да се движат низ Букурешт и околниот кварт каде што живеат.
Тие ќе подлежат на судска проверка на секои 60 дена, а мораат и да се пријавуваат во полиција кога тоа ќе им биде наредено, како и да известуваат за секоја промена на адресата.
Исто така, на Ендрју и Тристан Тејт им е забрането и да контактираат со двајца романски соработници обвинети заедно со нив, како и со сведоци или наводни жртви или нивните семејства.
Прекршувањето на овие правила може да доведе до нивно враќање во домашен или превентивен притвор.
Поранешниот светски шампион во кик-бокс, млад шахист со американско и британско државјанство и син на шаховски велемајстор, Ендрју Тејт, стана популарен на социјалните мрежи најмногу со своите ставови за менталното здравје, советите за тоа како да се збогатите, но и преку неговите контроверзни изјави за жените.
Во 2016 година тој беше исфрлен од реалното шоу „Големиот брат“ во Британија, откако беше објавена снимка на која тој тепа жена, на што тој одговори дека добил „согласност“ од девојката.
Ендрју Тејт стана познат на интернет, но Твитер сепак му го отстрани профилот затоа што рече дека жените треба „да одговараат“ за сексуална злоупотреба.
И покрај овие забрани на социјалните мрежи, Тејт сепак успеа да се здобие со популарност, особено меѓу младите мажи, промовирајќи го она што тој им го претстави како „хипермажествен, ултра луксузен начин на живот“.