УЖАС ВО РАДОВИШ: Mајка ги заклучила децата во соба и се отрула во полското веце

Date:

Во околината на Радовиш, 24-годишна мајка ги заклучила децата во соба и се отрула во полското веце, пренесува Слободен печат.

Трагичниот настан со 24-годишната мајка на две деца од радовишкото село Тополница, како што објави „Слободен печат“, се случил во средата. Пред да посегне по сопствениот живот, жената снимила видео во кое таа моли да се обелодени нејзиниот проблем и работата да не се остава.

„Сега ќе ви откријам нешто. Кој е причината за ова, кој е причината што ќе посегнам по својот живот, кој ја донесе работата до овој степен. Сега ќе ги кажам (наведува шест машки имиња). А супстанцата со која ќе посегнам по мојот живот ми ја даде (наведува име). Тие секогаш ме вознемируваат, постојано ме вознемируваат. Не можам да излезам од дома, до тоалетот не можам да одам. Тие ме примораа на ова. Има и многу други, ама не знам кои се. Ве молам не ја оставајте оваа работа, обелоденете се“, вели таа во видеото што го доби „Слободен печат“, пренесуваат од овој портал.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...