УБИЕЦОТ ОД ЦЕТИЊЕ Ѝ БИЛ ДОБРО ПОЗНАТ НА ПОЛИЦИЈАТА Бил брутална личност со девијантно однесување

Date:

Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост по повод масакрот во Цетиње.

Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост по масовното убиство во Цетиње во кое загинаа 12 лица, меѓу кои и две деца, а четири лица се ранети. Напаѓачот, кој бил во роднинска врска со жртвите, се обидел да се самоубие кога го пронашла полицијата, по што подлегнал на повредите на пат кон болница. Ранетите се згрижени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Тројца од четворицата повредени утрово се со стабилни витални параметри, но нивните животи се во опасност, соопшти црногорскиот министер за здравство Воислав Шимун.

Тој додаде дека операцијата на еден пациент е завршена доцна во ноќта и дека лекарите ја продолжуваат потребната обработка за да се постигне најдобар исход.

Обвинителот, како што пишуваат медиумите, истражувал 6 локации, од кои 5 биле на убиствата и местото каде што осомничениот се застрела. На две локации убил четири лица, на третата две деца, а на останатите две едно лице.

Директорот на полициската управа, Лазар Шќепановиќ, на прес-конференцијата објасни како се случило злосторството, велејќи дека убиецот Ацо Мартиновиќ, откако убил четири лица, продолжил со крвавото расфрлање на уште три локации.

– Ова е опасна личност, несовесна и брутална – рече Шќепановиќ.

Тој додаде дека поширокото семејство на Мартиновиќ ѝ помогнало на полицијата во пронаоѓање на осомничениот.

– Рекоа дека имал одредени отстапувања во однесувањето и комуникацијата. Сите загинати биле негови кумови, пријатели и познаници со кои поминувал најмногу време. Мотивот на овој чин уште не е познат – изјави Шќепановиќ.

Масакрот Мартиновиќ го започнал во ресторан во Велестово во близина на Спортскиот центар каде што имал инцидент со друг гостин. По расправијата отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафеаната и таму убил четири лица.

Според информациите на медиумите Мартиновиќ имал свој сервис за боење возила, веќе ѝ бил познат на полицијата. Пред две години бил уапсен поради поседување оружје и закани. Не се знае дали и на каква казна тогаш бил осуден. Во 2005 година бил осуден за насилничко однесување. Полицијата соопшти и дека во 2022 година биле преземени одредени мерки против него, меѓу кои и претрес, при што била пронајдена воздушна пушка, друго оружје и експлозиви. Мартиновиќ првостепено бил осуден на три месеци затвор, но пресудата не станала правосилна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...