Полицијата го уапси 39 годишниот скопјанец осомничен за убиството во скопската населба Хром…Тој бил лоциран во близина на мостот “Обединети Нации” во населбата Влае и при обид за бегство е фатен и приведен. Тој е осомничен за „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“. Претходно, беше уапсена и мајката на осомничениот, на која и е одреден и 30 дневен притвор, а која се сомничи дека предизвикала пожар во станот на убиентиот, за да се прикрие убиството сторено од синот.
„По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот на станарите кои што живеат во зградата.“
Пред десетина дена пожарникарите интервенираа на запален стан при што го пронајдоа телото на 36 годишникот кој живеел таму. Но причината за неговата смрт не била пожарот, туку, како што покажа и обдукцијата, 45 убодни рани во вратот и телото. Пожарот, утврди истрагата на обвинителството, го подметнале осомничениот и мајката заедно.
Скопјанецот кој минатата недела со над 45 убоди усмрти човек во Хром и го запали станот заедно со мајка му за да сокријат дека е убиен може да добие доживотен затвор. Против него ќе биде поведена истрага за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1, како и за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Што предвидуваат овие членови од КЗ?
Член 123, став 2, точка 1: „Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин“.
Член 292, став 1 „Ако поради делото настапи тешка телесна повреда на некое лице или поголема имотна штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години“, во врска со член 288, став 1 „Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“
Тој попладнево беше уапсен од полицијата.
Неговата мајка, пак, веќе е во притвор во времетраење од 30 дена. За неа има една кривична пријава, и тоа по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик, односно истиот член за кој се товари и синот.
Осомничениот го сторил делото по кратка расправија со жртвата, лишувајќи го од живот оштетениот со повеќе од 45 убодни рани во вратот и телото.
Уапсен осомничениот за убиството во Хром, чија мајка го запали станот за да го прикрие злосторството на синот
Date: