Уапсен дилер на дрога, ќе биде запленет имот вреден над 600.000 евра

Date:

Полицијата и Обвинителството излегоа со заедничко соопштение за дилер кого опсежно го истражувале уште од септември лани, а кому има шанси да му се одземе имот од 600 илјади евра. Интересно е што тој за дрога претходно лежел 15 години затвор.

45 годишен скопјанец набавувал кокаин, хероин и марихуана и потоа ги препакувал и ги препродавал по цена од 3000 денари за пакување кокаин, од 600 до 1000 денари за пакување хероин и 600 денари за пакување марихуана. Дрогата ја продавал на поголем број луѓе.

Осомничениот е фатен по повеќемесечно следење од страна на надлежните институции.

„По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материјали заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, САЕ Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, спроведоа криминалистичко истражување од септември 2023 до јануари 2024 година за едно лице од Скопје, кое претходно било осудено и издржало казна затвор од 15 години за продажба на дрога“, велат од ОЈО Скопје.

Денеска во скопска Гази Баба извршени се претреси на три локации. При претресите се пронајдени кокаин, три дигитални ваги и други предмети, а во деловниот објект се пронајдени 21 компјутери со монитори и гејмерска опрема, разновидна компјутерска опрема вредна околу 120.000 евра, за кои постои сомнение дека се купени од парите од продажба на дрога.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...