Уапсени македонски државјани во Црна Гора: Осомничени дека продавале лажни часовници

Date:

Македонски државјани В.Д., Ф.Д. и Д.С. биле уапсени во Црна Гора поради сомнение дека продавале часовници по повисока вредност од вистинската, објавија црногорските медиуми.

-Службеници на Одделението за обезбедување Подгорица, во соработка со службеници од Одделението за обезбедување Бар, вчера приведоа тројца државјани на Република Македонија кои се осомничени за кривично дело измама. Се сомничи дека В.Д., Ф.Д. и Д.С. ова кривично дело го сторил на тој начин што повеќепати им приоѓале на постари граѓани на улица, на територијата на повеќе градови во Црна Гора и ги доведувеле во заблуда со изнесување одредени информации и им продавале часовници за значително повисоки износи во однос на нивната реална вредност, со уверувањето дека се работи за скапи парчиња – соопштија од Полициската управа.

На пример, на 28 март во Подгорица на едно лице му продале часовник од помала вредност за сума од 1.500 евра, што го повториле во неколку наврати во повеќе градови во Црна Гора.

Полицијата извршила претрес во станот и другите простории што ги користеле овие лица на територијата на општина Бар, при што во таа прилика биле пронајдени пари во вредност од 3.370 евра, разновидни рачни часовници, накит, како и гардеробата што ја користеле. Од нив е одземено и возило мерцедес.

-Поради интензивна работа на полицијата истите се легитимирани, лоцирани и лишени од слобода, а полициските службеници продолжуваат да работат на овој случај заради утврдување на фактите и околностите кои можат да упатат на сомнение дека В.Д., Ф.Д. и Д.С. овие незаконски дејствија ги извршил во однос на други повредени лица – додаваат од УП.

Полицијата ги повикува оние кои се сомневаат дека биле измамени на ваков начин во последниот период да се обратат во најблиската полициска станица и да го пријават настанот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...