Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија, грчката полиција ги фатила со фалсификувани бланко документи

Date:

Грчката полиција на граничниот премин во близина на Дојран кај двајца државјани на Македонија пронашла 599 фалсификувани бланко документи. Лицата биле уапсени, а потоа и осудени на затворска казна, пренесува МИА.

Двајцата мажи, како што информираат од грчката полиција, биле уапсени откако при влез во Грција им била извршена проверка. При проверката, кај едното од лицата, во поставата на јакната, биле пронајдени скриени 440 бланко документи како лични карти, возачки дозволи и дозволи за престој од разни европски земји.

По пронаоѓањето на документите, тие биле одземени.

Потоа, при претресот на возилото, во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи кои исто така биле одземени.

Двајцата уапсени, како што пренесува МИА повикувајќи се на грчката новинска агенција АНА-МПА, Прекршочниот суд во Кукуш ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист и биле осудени на затворска казна од пет години.

Според пишувањата на АНА-МПА, двајцата обвинети за време на рочиштето не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...