Две лица за кои постои сомнеж дека се вмешани во убиството на лекарот од Железара се приведени. Преземени се 20 истражни дејствија, прегледани се над 50 камери. Т ехничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во поткастот „Претрес“ открива нови детали околу истрагата. Министерот вели дека мотивот за убството не е поврзан со професијата која што ја обавувал сега убиениот.
„Во овој момет се постапува по наредба од судија во претходна постапка и се врши претрес на одредена локација. Има осомничени за предметниот криивчен настан. Има материјални докази кои не водат до овие дејствија. Две лица се приведени и се надевам дека наскоро ќе можеме да излезе со конкретни информации. Се надевам дека во утрешниот ден јацвноста ќе биде известена за овој случај, преземени дејсвија на МВР како и од јавениот обвинител“ – рече Тошковски.
На 21.03.2024 во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.