Лидерот во Првата лига, ТФТ, славеше победа над Маџари со 111-90 во натпревар од 15. коло, иако триумфот дојде потешко од очекувањата.
Натпреварот започна изедначено, а домаќините одржуваа предност до паузата (52-47). ТФТ направи пресврт во третата четвртина (76-71) и ја задржа контролата во последниот период, кога Маџари целосно загуби ритам.
Најефикасен кај Маџари беше Армстронг со 26 поени, а кај ТФТ Стенли постигна 20.



