Посетителите од Турција продолжуваат да ја освојуваат Македонија. И последните податоци од статистичарите покажуваат дека најмногу гости дошле токму од Турција, а овој тренд е присутен во нашата земја подолг период.
Покрај гостите од Турција, најголем број туристи во месец февруари имало од Србија, па останатите соседи како Бугарија, Грција, Албанија, а меѓу нив се и гостите од Германија.
Во февруари имало 5.104 посетители од Труција, кои се убедливо најбројни. По нив следуваат соседите од Србија, од каде не посетиле 3.448 туристи. По нив следуваат гостите од Грција од каде дошле 2.679, па следуваат останатите земји со околу 1.500 посетители во месецот.
Бројките покажуваат дека и претходните месеци, јануари и декември исто така најборјни и со сличен број биле споменатите гости од соседните земји, при што повторно најбројни биле гостите од Турција. Исклучок бил месец декември, кога имало и поголем број гости, па така од Турција имало над 6 илјади посетители, додека од Србија над 4 илјади гости, додека од Грција скоро пет илјади туристи.
Бројките покажуваат дека одредени месеци, како што е ноември 2023 година покрај веќе споменатите гости, кои исто така се меѓу побројните и во ноември, тој месец имало зголемено посети и од гости од Велика Британија, Косово, Хрватска, Италија, САД и од други азиски земји.
Слични тенденции се забележани и во октомври и во септември, со тоа што и понатаму Турците се најбројни гости. А во месец септември забележлива е отстапката кај гостите од Полска, кои исто така влегуваат меѓу најбројните гости што секако се должи на мерките кои беа преземени за поврат на гостите од таму.
Податоците за летните месеци, август, јули и јуни откриваат дека имаме многу повеќе туристи и тоа од различни земји, но повторно најбројни се Турците, па следуваат гостите од соседна Србија, а по нив се Холандија, Полска и Романија, а голем број туристи има и од многу други земји како Германија, Австрија, Велика Британија, Шпанија, САД… како и гости од соседството.