Царината конфискуваше државни обврзници во вредност од 92 милиони американски долари. На Меѓународниот аеродром во Скопје, царинските службеници заплениле 184 вредни хартии од по 500 долари. Обврзниците биле пронајдени кај турски државјанин, кој слетал од лет за Истанбул. Осомничениот, не пријавил ништо на царина, но преку скенер било откриено дека носи нешто во чантата. Директорот на Царината Стефан Богоев рече дека хартиите од вредност се еден од инструментите за перење пари.
„Царинските службеници од Царинската испостава Аеродром Скопје на 28 минатиот месец на влез во државата запленија 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500 илјади долари или со вкупна вредност од 92 милиони долари. Тие се најдени кај патник, турски државјанин, кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и кој се определил да помине на зелен канал, кај случаите кои немаат стока за пријавување. Но, при контролата со скенер и со дополнителна детална контрола овие хартии од вредност се најдени во четири папки во црна рачна торба“, кажа Богоев.
Одземените обврзници се одземени со судска пресуда и се дадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Секторот за контрола на истраги веднаш почнал со истражни дејствија, а биле известени и консултирани релевантните национални и меѓународни институции вклучително Интерпол и СЕЛЕК.
Директорот на Царина додаде дека истрагата од Царинската управа продолжува со отворање на финансиска истрага во соработка со сите органи на прогонот и други надлежни органи на национално и на меѓународно ниво, со цел да се расветли случајот и да се види дали тука се работи за измама и за обид за перење пари.
Турски државјанин фатен во Скопје со 92 милиони долари, Царината му ги конфискуваше
Date: