Туристичките работници бараат да се формира ново Министерство за туризам

Date:

Туристичките работници се се’  погласни, иницираат да се формира министерство за туризам кое ќе го водат компетентни луѓе и кои ќе се зафатат со решавање на сите проблеми со кои се соочуваат. Министерство за туризам имаат сите земји од регионот Црна Гора, Србија, Хрватска,само Македонија нема,можеби затоа каскаме во развојот на оваа стопанска гранка.Охрид треба туристички да пулсира 365 дена во годината со содржини кои ќе привлекуваат гости,а ние да работиме непречено,вели Љупчо Патчев кој половина век се заминава со угостителство.

 “Не е Охрид само качи го во автобус, однеси го Свети Наум врати го назад,до кулите и со здравје. Да си има министер за туризам што ќе го реши тој проблем уште во јануар не во мај,ние во март треба да стартуваме и не треба ни да прекинуваме. Охрид ако нема содржина, за џабе е”-вели Љупчо Патчев,угостител

И туризмолозите се согласни дека неоходно е да се формира министерсто за туризам.До сега се немаше политичка воља за такво нешто,можеби сметаа дека не е исплатлив туризмот како дејност, или дека не учестува адекватно во бруто домашниот производ во формирањето на националниот доход,што е потполно погрешно.

 “За да имате таков еснаф, за да функционира оваа држава од туристички аспект како една сила значајна и сите чинители да се собрани под иста капа затоа што има заеднички интерес, тоа е неопходност да имате министерство.Oд секогаш бев “за” ама тоа да биде вон сите политички ноти,туризмот не трпи политика не трпи припадност на едни и на други”-вели Зоран Тунтев,универзитетски професор

На охридскиот аеродром слетаа и првите стански туристи,но ние сеуште се црвенееме поради автопатот Кичево-Охрид.И ова е едно од горливите проблеми со кои би се занимале меѓудругите и министерството за туризам.

 “До Охрид треба да поминат низ цели проблеми со тој автопат кој се гради од како паметам за себе. Или до Скопје,таа врска мора да биде брза и ефикасна.Oд трета страна,патот до Свети Наум се реконструира, но не е готов. Автобусите и индивидуалните туристи ќе рипкаат по тие дупки”-вели Тунтев

 Со формирањето на министерство за туризам ќе се координираат законите, вистински луѓе ќе се вработат на вистинско место,ќе се направи еснаф на хотелиери кој што порано беше многу силен,а сега остана на маргините-укажуваат туризмолозите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Втора лига: Водечките потфрлија, важни победи за Вардар Неготино и за Победа

Изненадувачки резултати донесе 26. коло од Втората фудбалска лига...

Копа дел реј е за Барселона, „кралевите“ немаат лек за каталонскиот гигант оваа сезона

Барселона продолжува да му набива комплекс на Реал Мадрид...

СИН И МАЈКА ОД ГЕВГЕЛИЈА КРИУМЧАРЕЛЕ МИГРАНТИ

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија...

Се потешко се покриваат основните трошоци во Македонија

Што ќе има од овошје и од зеленчук, какви...