Традиционално, Охрид го достигнува шпицот на туристичката сезона токму во август. Плажите на езерото се полни со туристи, чаршијата во градот е тесна да ги прими сите посетители.

Она што е карактеристично речиси за секоја летна туристичка сезона е некоректниот однос на дел од гостите како неводењето сметка за хигиената и фрлање отпадоци насекаде, по улиците, парковите, па и во езерото.

Екипи на градските комунални претпријатија секојдневно уште од зори се на терен и го собираат ѓубрето, но сепак останува впечаток дека генерално свеста за потребата од грижа за околината е на незадоволително ниво.

„Продолжуваме со максималниот ангажман за чистење на јавните површини-кејот, градското пристаниште, малото пристаниште кај Палас, во близина на амамот, градскиот парк и други локации, од расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна, кои за жал се реална слика во доцните вечерни часови и наутро
Во вечерните часови се спроведува машинско миење на коловози, пешачки патеки и други јавни површини, кое на одредени места е надополнето со рачно миење
Се одржува хигиената во и околу локациите каде се одржуваат концерти“, стои во објавата на ЈП Охридски комуналец.