Тројца онколошки пациенти ќе ја следат истрагата за Онкологија, соопшти Обвинителството

Date:

Стотина пациенти и членови на семејства кои изгубиле близок од рак му помагаат на обвинителството за скандалот на Онкологија. По јавните повици голем број од нив доставуваат документација од лекување сомневајќи се дека и тие биле дел од злоупотребите на клиниката а се со цел да има истрага и вистината да излезе на виделина. Како што потврдија и од ЈОРМ, само денеска надлежниот јавен обвинител телефонски го контактирале 10 тина лица кои со своите сознанија сакале да придонесат во постапката. Таков соговорник имавме и ние…Поради големата загуба во семејството и сомнежот за несоодветно лекување, вели денеска или утре ќе ги контактира истражителите.



-Сомнежот се јави поради примање на имунотерапијата. Татко ми требаше да ја прима на 21 ден, но речиси никогаш ја немаше токму на 21 ден. Потоа секогаш кога немаше да ни ја дадат молевме да ја добиеме. Дури во една ситуација кога ја немаше па по два часа ја имаше после молење кај директорот на Онкологија, рече дека мојот татко има среќа што ја добива денес бидејќи некој негов роднина требало да ја прими но не ја примил. Буквално ја извади од џеб ја даде на сестрата и рече да му ја стави. Дури и со пофални зборови кон татко ми демек убав о изгледаш за тебе се исплати да ја дадам, како не да ја дадам на некој кој тргнал на умирање, вели близок роднина на починат од рак.

Онколошки пациентки кои секоја вечер протестираат пред Обвинителството а се дел од неформалната група Пеперутки, по средбата и барањата до обвинителите, добија позитивен епилог.

Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7 септември, Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија.

Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид, стои во соопштението од ЈОРМ.

Од Обвинителството велат дека ги преземаат сите дејствија за обезбедување на докази со цел проверка на наводите во овој предмет и затоа од самиот почеток бил вклучен лекарски и друг медицински персонал.

После 9 дена од обелоденување на скандалот, не стивнуваат реакциите во јавноста. Секоја тажна приказна од Онкологија има своја тежина…..Немир има кај тие што се во моментот на терапија а гнев и бес кај семејства кои изгубиле близок. Затоа сите ја бараат вистината, пренесува ТВ Сител.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...