Тројца матуранти креираа паметна ракавица која го „чита“ знаковниот јазик на глувонемите и го претвора во текст

Date:

Владимир Донев, Владимир Вешоски и Никола Бансколиев се тројца матуранти од скопското електротехничко училиште „Михајло Пупин“ кои, заедно со својата професорка Стефана Христовска, креираа паметна ракавица, која го „чита“ знаковниот јазик и го претвора во текст. Идејата на оваа иновација, велат матурантите, е да им ја олесни комуникацијата на сите глувонеми лица и да им овозможи многу полесно да се разберат со лицата кои можат да слушаат и да зборуваат, а не го разбираат знаковниот јазик.

Во интервју за Иновативност, еден од тројцата матуранти, Владимир Донев, вели дека во план им е да ја доусовршуваат нивната иновација, ракавицата да ја направат уште повеќе достапна за користење за лицата со оштетен слух и говор и да продолжат со своето образование и креирање на нови проекти.

Паметната ракавица е наша иновација која ги преведува знаците од знаковниот јазик на глувонемите лица со помош на флекс сензори и забрзувач (accelerometer). Вредностите на флекс сензорите варираат со движењето на прстите и стисокот, со што на дисплејот се појавува саканата буква, а улогата на забрзувачот е да ја одредува позицијата и аголот на раката. Во комбинација на двете ракавицата има можност да преведува букви, исто како и цели зборови и фрази, објаснува Донев.

За тоа како дошле на идеја да креирате ваков тип на помагало, тој рече: Секоја учебна година Џуниор Ачивмент Македонија организира натпревар за најдобри ученички компании на кој учествуваат ученици од средни училишта. Сите ученички компании треба да понудат производ или услуга, а после неколку фази од натпреварот само најдобрите одат во финале кои се претставуваат пред жири комисија и на штандови. Идејата беше на нашата професорка Стефана Христовска која го состави тимот и предложи да изработиме паметна ракавица за лицата со оштетен слух и говор со која ќе учествуваме и на натпреварот. Сакавме на овие луѓе да им овозможиме полесна комуникација, а притоа и да направиме нешто иновативно и практично. Секој во тимот имаше различна задача при изработката и тоа беше големо искуство за нас. Научивме многу работи и мило ни е што ја прифативме идејата.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Историска средба во Абу Даби – почнаа разговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон

Руски, украински и американски преговарачи денеска се собраа во...

Изгласан законот за прекршоци – отворен патот за старт на системот „Безбеден град“

Со поддршка на пратениците на Левица но и пратеникот...

THE PUBLICISTIC ACTIVITY OF SLAVÈ KATIN (21)

41. ​​“GJORGI-GEORGE ATANASOSKI (II EDITION)” The Monograph for “Gjorgi-George Atanasoski...

ФИЛИПЧЕ ПРЕФРЛИЛ 11 МИЛИОНИ ЕВРА ВО 2020 ГОДИНА ЗА ДА ГО КАНДИСА ЖАН МИТРЕВ ДА МУ ЈА ПРОДАДЕ КЛИНИКАТА ЕВТИНО

Сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче може да негира...