ТРОЈЦА МАЖИ И ЕДНА ЖЕНА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД ХИВ ВО МАКЕДОНИЈА

Date:

Во текот на месец октомври, пристигнати се пријави за четири новорегистрирани лица на ХИВ/СИДА, наведено е во билтенот за акутни заразни заболувања во Македонија за изминатиот месец. Во октомври регистрирани се два смртни случаи од ХИВ/СИДА. Еден смртен случај на лице е пријавен во 2022 и еден смртен случај е од новорегистрираните лица во месец октомври.

Од анализата на пристигнатите пријави се забележува дека лицата се на возраст од 25 дo 54 години, а три лица се од машки пол. Две од пријавените лица се регистрирани од Кочани. Во однос на веројатниот ризик за стекнување на ХИВ инфекција, регистрирани се по две лица со хетеросексуална трансмисија и од МСМ популацијата.

„За периодот од 1987 година до 2023 година, изнесува 631, а од нив, согласно податоците со кои располага ИЈЗ, 125 лица починале, а 506 лица живеат со ХИВ/СИДА“, наведено е во билтенот на ИЈЗ.

Во јули, пак, пријавени биле 6 случаи на ХИВ/СИДА. Од пријавените, сите биле од машки пол, односно тројца биле од Скопје и по едно лице од Кочани, Тетово и Прилеп. Лицата биле на возраст од 28 до 51 години и сите заболени лица биле од МСМ популацијата. Како што вели д-р Кети Ставридис од ИЈЗ, бројот на нови случаи секој месец е сличен и дека нема некое драстично зголемување.

Во билтенот се објавени податоци и за други заразни заболувања. Така, во октомври, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчи сипаници со вкупно 489 пријавени лица. Во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 48,9 отсто, а во групата на 10 најчести заразни заболувања – со 49,2 отсто.

„Во однос на претходниот месец септември 2023, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 2,3 пати. Во месец октомври, пријавени се 407 случаи (40,7 отсто од вкупниот број на пријави) на заболени од групата на цревни заболувања. Од нив, најголем број, се пријавите за ентероколити. Во оваа група се пријавени 25 салмонелози, 17 случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации, 3 инфекции предизвикани од E. coli, 2 џардијази и една листериоза“, наведено е во извештајот.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 7 заболени лица и тоа пријавени се 4 случаи на инфекции со хламидија и по еден случај на гонореја, сифилис и вирусен хепатитис Б. Освен тоа има и 60 случаи на шуга во октомври.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...