Трката за Големата награда на Австрија ќе остане во календарот на Формула 1 до 2030 година. Ова беше официјално соопштено пред трката во Шпилберг, а претходно договорот беше со важност до 2027 година.
Ова значи дека Австрија добива Формула 1 трка за уште дополнителни три години и навивачите од оваа земја ќе имаат можност уште подолго да уживаат во најпрестижниот авто-циркус на светот.
Во минатото, поточно во периодот помеѓу 1970 и 1987 година, трката во Шпилберг се возеше на патеката „Естерхајринг“, потоа се пресели на патеката „А1 ринг“ (1997-2003), а од 2014 година, Големата награда на Австрија се вози на „Ред Бул Ринг“.