Три награди за македонскиот филм „Некрстени денови“ на фестивал во Турција

Date:

Во интернационалната категорија за долгометражен филм на 9.издание на филмскиот фестивал „Балкан панорама“ наградата за најдобар филм ја понесе филмот на Иво Трајков “Piargy”, (македонскиот наслов на филмот е „Некрстени денови“), а Трајков беше прогласен и за најдобар режисер. Јудит Бардош се закити со наградата за најдобра актерка.

Најновото остварување на Трајков, впечатливото кинематографско дело работено во црно-бела техника, кое веќе освои преку осумдесет меѓународни филмски награди, а критиката го опишува како исклучително дело, ја воодушеви публиката, но и жирито на Турскиот фестивал.За музиката во филмот беше задолжен Кирил Џајковски. Филмот е во словачко-македонско-чешка копродукција. Признанијата ги подигна продуцентката на филмот Силвија Панакова, а и ги предаде директорот на фестивалот Сали Салини.

Покрај филмот на Трајков во главната натпреварувачка категорија за интернационални филмови беше и „Кајмак“ на Манчевски. За наградата „Дарио Морено “се натпреваруваа: филмот на Кристијан Ристески „Снежана на крајот умира“, „Мими“ на Даријан Пејовски. Во категоријата за кратки филмови беше македонскиот филм на Гоце Трајковски „Досие иднина“. Специјални проекции имаа: филмот на Јани Бојаџи „Кино љубов“,„Те дуа жими мене“ на Марјан Гавриловски и „Иглата-мојата тајна градина“на Мерита Сали. Во категоријата за краток филм проекции имаа: филмот на Лидија Мојсовска „ Само ѓаволот ја мрази водата“, „Шеќерни луѓе“ на Сузана Диневски.

На 9.издание беа прикажани над 150 филмови, а селектираните филмови беа од неколку земји и тоа: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија,Црна Гора, Косово, Македонија, Унгарија, Молдавија, Романија, Србија,Словенија, Турција и Грција.

Во чест на македонската кинематографија на 9 -тото издание на фестивалот прустините ќе се потсетат на: „Тетовирање“, „Пред дождот“, „Големата вода“, „Војната е готова“, „Панкот не е мртов“, „Трето полувреме“, „Џган“, „Медена земја“, „Сестри“, „Незабравна пролет во заборавеното село“. Балкан панорама се одржуваше од 19- ти до 25- јануари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...