Македонската кошарка ќе има три претставници во натпреварувачката 2023/2024 во АБА2 лигата и тоа МЗТ Скопје, Пелистер и ТФТ Скопје.

МЗТ Скопје по една сезона мината во најсилниот ранг се враќа во втората регионална лига, друштво пак кое им е познато и на Пелистер и ТФТ.

Вкупно 14 екипи ќе бидат дел од АБА2 лигата и тоа Борац Бања Лука, Цедевита Јуниор, Шенчур, Хелиос Санс, Подгорица, Шибенка, Широки Бријег, Спартак, Сутјеска и Златибор, односно последниот тим во оваа конкуренција ќе се бара меѓу Спарс, Војводина, Илирија и Босна.

На почетокот на октомври ќе започне натпреварувањето, а во првата рунда „металците“ ќе се соочат со Цедевита Јуниор, „зелено-белите“ со Шенчур, додека клубот од скопско Тафталиџе ќе игра со Златибор.