Триумфален поход на Алкалоид во Литванија

Date:

Екипата на Алкалоид ја оствари целта и патува во следната фаза во Европскиот куп на ЕХФ. Македонскиот претставник славеше над Драгунас Клаипеда (37-31) и на гостувањето во Литванија и обезбеди две победи на два меча.

Иако одигра дуел со осцилации, тимот на Кирил Лазаров ја оствари посакуваната цел. Двоцифрениот плус од Македонија беше доста голема предност за „сините“ од Автокоманда, па на гостувањето на незгодниот терен се понуди доста брза игра, безопасна за македонскиот тим.

„Не е лесно да се победи било кој противник на гости, посебно во еден европски куп. Победата ја остваривме со стил, во 22. минута имавме девет разлика, потоа дојде до некое опуштање и се мачевме цел натпревар. Меѓутоа, сите овие работи се нови за нашите играчи, имам разбирање, треба да учиме од грешките. Победивме една квалитетна екипа која физички трча 60 минути и не е лесно да се подговиш за неа. Иако ова е прво европско коло, горд сум на она кое го направивме. Посебно во последните седум дена во кои имавме три средби кои доста бараа од нас.

Анализирајќи го противникот, првата средба беше потешка. Увидов дека се работи за квалитетен ривал кој знае што сака. Шпанскиот систем донел ред во овие четири до пет месеци, многумина ме гледаа како смешен кога кажав дека треба да се биде претпазлив. Влеговме дисциплинирано, успеавме да поставиме една добра залиха во Скопје која ни даде да спиеме мирно. Сакавме да победиме и на реваншот, тука ни беше полесно да играме, затоа што знаевме што не очекува.

Ни следи ждрепката од третото коло, имаме свои желби, за да имаме и поголеми шанси. Меѓутоа кој и да ни падне на ждрепката, нема ние да се си ставаме некаков товар. Важно ни е ние да одиме напред и нашиот систем да функционира. Нема да излеземе на терен со бело знаме, без разлика на името и на квалитетот на противникот“, изјави Лазаров по натперварот.

Ждрепката за третото коло од Европскиот куп на ЕХФ е закажана во понеделник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Брза штрудла со јаболка

Штрудлата од јаболка е класичен десерт кој мириса на...

Австралиска авторка осудена за роман за сексуална злоупотреба на деца

Австралиска авторка е осудена за создавање материјал за сексуална...

Трендафилов: Мене можете да ме следите, но за снимањето на децата, барам кривичен прогон

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов се пожали...

Бубевски ги отфрла како клевети наводите на адвокатката Кадриу – бара да му се извини инаку ќе поднесе тужба

Јавниот обвинител и доскорешен шеф на Основното јавно обвинителство...