Трипуновски: Фирми блиски до власта неконтролирано ги сечат и уништуваат македонските шуми

Date:

Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во посета на делчевско и малешевијата на локацијата каде речиси пред две години зафатија големи шумски пожари и се нанесе голема штета на шумскиот фонт.

-Целта на посетата, како што кажав, е да го презентираме масакрот кој што се случува на шумата од Делчево од страна на фирма која што е блиска до власта која што практично има склучено договор за минимални 300 денари по метар кубен дрвна маса на опожарено дрво. Она што можете да го видите од кадрите позади мене е дека фирмата која што треба да го исчисти теренот од опожарено дрво го зима она што е квалитетно, а она што значи остаток од дрвна маса е оставено на лице место и теренот во иднина не може да биде пошумен, а е обврска на фирмата која што го има склучено овој договор, рече тој.

Трипуновски  алармира дека фирми блиски до власта неконтролирано ги сечат и уништуваат македонските шуми.

-Она што сакам дополнително да алармирам е тоа што посочената фирма која што е блиска до власта покрај тоа што сече опожарено дрво, сече и квалитетно здраво дрво кое што се зима за минимални 300 денари по метар кубен колку што е договорот. Замислете во ситуација кога локалното население го гледа овој масакар кој што се случува во делчевско и малешевијата, а дрвната маса за загревање на своите домови ги плаќа по над 4000 денари за метар кубен, оваа фирма практично го зима за 300 денари. Овој апел, оваа изјава, е да и укажам на власта, и на министерството и на Владата, дека уште веднаш треба да излезат надлежните институции да го стопираат ова злодело кое што се случува на овој еколошки рај од делот на Република Македонија и воедно да им се дозволи на мештаните од овој регион да можат да ја искористат оваа дрвна маса за да ги обезбедат своите семејства со огревно дрво за претстојната зима, истакна тој.

Понатаму во изјавата порача:

„Морам да потенцирам дека ова злодело кое што се случува под поткритие на Љупчо Николовски, Ковачевски и фирмата која што е блиска до нив дека во иднина ќе биде сериозно санкционирано, односно ќе се проверат сите неправилности кои што се направени на штета на локалното население, на природата, на нашето најголемо богатство – шумите“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...