Лука Дончиќ имаше одличен старт на новата НБА сезона со Далас кој победи на тексашкото дерби кај Сан Антонио со 126-119, за домашниот тим дебитираше првиот пик Виктор Вембанјама на кому му се предвидува голема иднина.
Мечот меѓу Сан Антонио и Далас беше неизвесен речиси во целиот тек. Домаќините постојано водеа во првото полувреме, но не се одлепија, во вториот дел работите се променија, Маверикс го преземаа водството, беа подобри во финишот и дојдоа до победата.
Лука Дончиќ беше најдобар на теренот, постигна 33 поени, имаше 13 скокови и 10 асистенции, кај Сан Антонио Весел беше најдобар со 23 поени. Дебитантот Виктор Ванјама одигра 23 минути за кои постигна 15 поени, имаше и пет скока.
Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на Далас кој на отварањето на сезоната направил трипл-дабл со над 30 поени.
Резултати:
Шарлот – Атланта 116-110
Индијана – Вашингтон 143-120
Њујорк – Бостон 104-108
Орландо – Хјустон 116-86
Бруклин – Кливленд 113-114
Мајами – Детроит 103-102
Торонто – Минесота 97-94
Чикаго – Оклахома 104-124
Мемфис – Њу Орлеанс 111-114
Јута – Сакраменто 114-130
Сан Антонио – Далас 119-126
Лос Анџелес Клиперс – Портланд 123-111