Маргот Роби и Рајан Гослинг ги глумат Барби и Кен во долгоочекуваниот нов филм на Грета Гервиг што излегува ова лето, а објавен е и вториот трејлер кој дава краток увид во заплетот на филмот.
Трејлерот го прикажува „розовиот свет на Барби“ – од куќата од соништата до кабриолет, како и љубовната приказна на Барби и Кен.
Во споредни улоги се Сима Лиу, Вил Ферел, Нкути Гатва, Мајкл Сера, Иса Рае, Реа Перлман и Кејт Мекинон, од кои некои играат алтернативни верзии на Барби и Кен. На пример, Дуа Липа ја игра сирената Барби.
Меѓутоа, покрај заплетот кој го прикажува светот на омилената кукла, она што на гледачите им оставило посебен впечаток е изгледот и ликот на Кен, кој го игра Рајан Гослинг.
Изгледа дека многумина не биле воодушевени, па своите критики ги изразиле на социјалните мрежи – некои сметаат дека е престар за оваа улога, други дека русата коса никако не му одговара.
Исто така, многумина се согласиле дека Гослинг премногу ги потсетува на американската водителка Елен Деџенерис.
Филмот треба да се појави во кината на 21 јули.





