Трет дрон со експлозиви беше пронајден кај аеродромот во Лајпциг, Мерц: „Ќе платат за ова“

Date:

Германските истражители денес соопштија дека пронашле и трет дрон во близина на аеродромот Лајпциг-Хале, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори.

Властите се сомневаат дека во обидот за напад на аеродромот во почетокот на август биле користени повеќе дронови отколку што се знаеше досега.

Првиот дрон беше пронајден на 4 август во близина на украински товарен авион „Антонов“. Според истрагата, тој бил наполнет со експлозив и бил наменет за напад врз авионот.

Сепак, нападот не бил извршен бидејќи детонаторот на експлозивот, според досегашните сознанија, бил неисправен.

Претходно беше објавено дека втор дрон можеби се судрил со товарен авион на „ДХЛ“, кој поради затворањето на аеродромот морал да го прекине слетувањето. Овој дрон, меѓутоа, сè уште не е пронајден. Истражителите досега не откриле ниту негови делови, па останува нејасно што точно се случило со него.

Третиот дрон бил пронајден на 14 август, десет дена по обидот за напад на аеродромот, во поле во близина на западниот дел од аеродромот. Наредниот ден била пронајдена и непозната супстанција. Според првичните анализи, станувало збор за околу 50 грама од високоексплозивната воена супстанција РДХ.

Пронаоѓањето на третиот дрон дополнително ја засили загриженоста кај германските власти.

Сојузното обвинителство на Германија тогаш го опиша случајот како „сериозен напад врз германската транспортна и врз логистичка инфраструктура“.

Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт подоцна изјави дека Лајпциг „не е изолиран случај“, туку дел од „поширока структура“ со која се соочуваат германските власти.

Тој посочи и на можна вмешаност на „странски сили“.

Аеродромот се смета за важен центар за транспорт на воена помош за Украина во војната против Русија.

Мерц се огласи за нападот

Канцеларот Фридрих Мерц денеска изјави дека Германија „сè повеќе се најде на нишанот на хибридни напаѓачи“.

Тој додаде дека напаѓачите сè почесто се подготвени неодговорно да прифатат сериозна материјална штета, па дури и повредени и загинати луѓе.

Мерц не кажа кој би можел да стои зад нападот во Лајпциг. Истрагата за утврдување на сторителите и понатаму трае, рече канцеларот.

„Наскоро ќе ги објавиме резултатите“, додаде тој.

Тој рече дека сторителите „ќе платат за ова“, без да прецизира какви би можеле да бидат контрамерките.

Канцеларот ја потврди и натамошната поддршка на Германија за Украина. Германската влада ќе го поддржува Киев „истрајно и долгорочно“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

DRAGAN BOGDANOVSKI – GOYKO YAKOVLEVSKI’S FRIEND – PART I (51)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Little...

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...