Научници од Австралија тврдат дека откриле непознат објект што се врти и трепка во Млечниот Пат каков што претходно никогаш не бил откриен, пренесува Би-би-си.
Објектот е прв пат откриен од студентот Тајрон О’Доерти во пределот на западна Австралија. Тајрон проучувал радио бранови користејќи телескоп и нова техника што самиот ја развил, кога го открил непознатиот објект што испушта големи количини на енергија во период од 1 минута, на секои 18 минути.
Објектите што испуштаат енергија во вселената се снимени и им се познати на научниците, но нешто што се вклучува и исклучува за една минута е досега непознато. Студентот О’Дорети бил дел од тимот предводен од астрофизичарката д-р Наташа Харли Вокер од отсекот на Универзитетот Картин на Меѓународниот центар за истражување на радио астрономија (ICRAR).
„Неспознаениот предмет се појавуваше во време од неколку часа додека траеше нашето набљудување. Беше сосем неочекувано, дури некако застрашувачко за еден астроном затоа што нема ништо такво што постои во небото и го прави тоа“, изјавила научничката Вокер.
Предметите што се вклучуваат и исклучуваат сами во вселената астрономите ги нарекуваат „транзиенти“.
Од ICRAR велат дека според истражувањето направено од тим научници објектот е далеку од земјата околу 4.000 светлосни години, премногу е светол и има многу силно магнетно поле. Теориите околу објектот е дека тоа може да е неутрон ѕвезда или „бело џуџе“, остатоци од распадната ѕвезда, но сепак целото откритие останува мистерија.
„Кога ќе се направат повеќе проверки и детекции, астрономите ќе кажат дали ова е ретка појава или постои целосно нова и неоткриена популација што претходно не била откриена“, рекла Харли Вокер.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]