ТРГОВСКИ МОРСКИ ГРАДОВИ ПРЕКУ КОИ СЕ ОДВИВАШЕ ГОЛЕМА ТРГОВИЈА НА СТОКИ И ПАРИ МЕЃУ ДРЖАВИТЕ (11)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – III ДЕЛ

Големите трезори со пари што се собираа, Птолемејците ги зголемија со парични манипулации, бидејќи во Египет го воведоа античкиот грчки банкарски систем, но целосно изменет со монополизирање на целата банкарска деловност.

Преку нивната централна банка во Александрија, тие исто така направија монетарна трансакција со странските држави. Тоа може да се заклучи од изјавата во периодот на Првата пунска војна кога Картагенците го замолиле Филаделф за заем од 2.000 таланти, но тој тоа го одбил, со цел да ја зачува својата неутралност спрема Рим.

Наспроти оваа апсорпција на државни функции, Птолемејците го поткрепија колку што е можно економскиот развој на античките Грци во селата и во градовите, додека Египќаните ги оставија во нивната претходна положба. Една од главните цели на Птолемејците, како и на Александар Македонски – а исто така, како што видовме и кај Селеукидите – беше да ги привлечат античките Грци во својата земја, a co тоа, наспроти сите кралски монополи, поволната прилика треба да им овозможи поголем напредок и богатство во нивната земја.

За ова постојат само делови од информации кои покажуваат како беше спроведено тоа во практиката. На пример, беше оставено на античката иницијатива да се донесат од сомалискиот брег суровини, мириси и мира за кралскиот монопол на мирудии. Тоа беше опасна работа, но корисна, поради големата разновидност на трговскиот круг на Александрија.

Слично на тоа, но во друг случај, античката грчка претприемчивост била успешна. Се разбира, со оглед на системот што преовладуваше, оваа при ватна активност на античките Грци не може да биде она што беше привилегија регулирана од кралот.

Ова повторно одговара на современиот меркантилизам, кој е корисен колку и споредбата и толку колку што помага да се средат деталите на документите во една општа концепција, при што не смее да не се забележат големите разлики: спротивно на современите меракнтилисти, кои им служеа на интересите на националните држави, птолемејскиот меркантилизам имаше финансиски карактер, бидејќи отсуствуваше идејата за национална држава.

Оваа кратка скица на птолемејската економија мора да задоволува, зашто наш предмет не е елинистичкиот период, туку единствено се земаат предвид ефектите од делото на Александар Македонски.

Коринт

Економските револуции опишани и изведени по освојувањето на Азија и Египет од Александар Македонски, кои го инфилтрираа античкиот грчки трговец и индустријалец на Исток, го зголемија влијанието врз економскиот развој на самата Античка Грција. Целата основа на античката грчка трговија во Медитеранот навистина беше изменета.

До Александар Македонски, Атина, потпомогната од својата централна позиција, меѓу античките грчки колонии, со своето првокласно пристаниште Пиреј, беше природен центар на античката грчка трговија уште од деновите на првата Атинска лига.

Во почетокот, изгледа, перспективите што ги отворија револуциите за препород на трговијата и индустријата, корисно влијаеја врз економскиот развиток на Античка Грција. Дури и во годините (317-307) кога во Атина владееше Деметри од Фалерум, Античка Грција доживуваше голем економски напредок. Во тоа време, Исток, отворен од Александар Македонски, сигурно сакаше да се оддели од деловниот живот на мајката земја.

Кога новите трговски градови на Исток – Александрија, Антиох, Селеукија на реката Тигар – огромно пораснаа и станаа гигантски градови кои најпосле ги надминаа големите градови од постарите времиња со своите неколку стотини илјади жители, центарот на економскиот живот се пресели на Запад. Природно, градовите на мајката земја просперираа бидејќи имаа многу попогодна географска положба во споредба со новиот свет, додека другите пропаднаа.

Некој може да направи споредба со она што се случи по откривањето на Америка. Европските држави кои се свртија кон новиот свет доживеаја голем напредок, а Лисабон, Антверпен и Лондон ја имаа водечката улога во светскиот пазар, што претходно ја држеа Венеција и Џенова.

Така Атина, којашто веќе не беше во центарот на античкиот промет беше лишена од својата доминантна позиција на Коринт, ќој стана прв трговски град на Античка Грција и остана како таков се’ до неговото брутално уништување од Римјаните (146).

Оваа предоминација на Коринт се должи на неговата погодна положба на Истмус, кој за поморците што сакаа да го избегнат носот Малеа беше природен полпат меѓу Исток и Италија.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...