Трговската размена меѓу Македонија и Турција достигна една милијарда долари

Date:

Трговската размена меѓу Македонија и Турција достигна една милијарда долари. Иако годината беше тешка, бизнисите од двете земји реализираа многу проекти, соработуваа на секое поле и постигнаа завиден резултат. Ова го истакна претседателот на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) Ајдован Адемоски во обраќање на настанот по повод сработеното во изминатите 12 месеци.

На настанот што го организираше МАТТО присуствуваа владини и претставници од бизнис заедницата, невладини организации и претставници од медиумите.

-Заеднички реализиравме многу проекти, соработувавме на секое поле и како резултат на тоа достигнавме една милијарда долари трговска размена меѓу Република Македонија и Република Туркије.

Се надеваме дека ќе ги постигнеме барем истите резултати во иднина. Имавме тешка година, доживеавме економски и енергетски кризи, доживеавме природни катастрофи. И покрај ова, што е најважно, успеавме да го одржиме нашето единство и солидарност.

Се обединивме како два народа за да ги надминеме сите тешкотии. На 6 февруари се случи разорен земјотрес во Турција. Погодени беа 11 провинции, околу 50 илјади луѓе ги загубија животите, над 500 илјади згради беа уништени, а евидентирана е штета од над 100 милијарди евра.

Република Македонија од првиот момент сочуствуваше со братскиот турски народ. Се мобилизиравме сите, државата, невладините организации, Црвениот крст, целиот македонски народ и обезбедивме материјална и финансиска поддршка во износ од преку три милиони евра и повеќе од 60 шлепери материјална помош, истакна Адемоски.

Тој се осврна на завршениот проект кој, како што рече, е мост меѓу две држави и доказ за пријателството на двата народа.

-Под покровителство на МАТТО, на површина од 8 656 метри квадратни во Малатија, Република Турција, се изгради средното училиште кое го носи името „Македонија”. Има 24 училници, а секоја носи име на македонски град – Скопје, Битола, Калканделен, Тетово, Охрид, Штип, Куманово, нагласи Адемоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...